Последна шанса за Реал Мадрид да го продаде Бејл

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Весникот „Марка“ денеска пренесе сензационална вест која се однесува на иднината на Герет Бејл.

Тренерот Зинедин Зидан на секој начин се обидува да се ослободи од Велшанецот чија пак желба е да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на договорот иако е свесен дека нема да игра.

Минатата година Реал одбил понуда тешка 100 милиони евра од Манчестер јунајтед, а поранешниот претседател на „кралскиот“ клуб, Рамон Калдерон тврди дека Бејл летово може да си замине за многу помалку пари.

Имено, „Марка“ но и дел од англиските медиуми тврдат дека Манчестер јунајтед се уште е заинтересиран за купување на Бејл како и Тотенхем кој пак нема пари да ја плаќа неговата огромна плата.

За Јунајтед воопшто нема да биде проблем да му даде на Бејл 17 милиони евра, а менаџерот Оле Гунар Солскјер би добил екстра квалитетно засилување на левата крилна позиција.

Интересно е што притисокот на Зидан кој го врши врз претседателот Флорентино Перез вродиле со плод, и Реал Мадрид кој минатото лето одби 100 милиони евра, сега е подготвен да го продаде велшкиот репрезентативец за само 25 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот