Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

Последна шанса сопствениците сами да ги тргнат хаварисаните возила низ Карпош, од понеделник ќе ги отстранува Општината

Од понеделник, 10 февруари, Општина Карпош започнува акција за отстранување на старите и хаварисани возила од јавните површино. Сектор Инспекторат, како што информираат од Општината,  ќе спроведе подигање на старите отпадни возила согласно Закон за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој Општина Карпош има склучено договор за соработка.

Апелираме сите кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно истите ќе бидат остранети на нивен трошок. Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена а потоа ќе бидат однесени на рециклирање – информираа од Карпош.

Проблемот со хаварисаните возила оставени по јавни површини е стар со години, но до неодамна на општините им беа „врзани“ рацете да преземат нешто за нивно отстранување. Па така, неколку стотици нефункционални возила окупираат тротоари и неопходни паркинг места низ Скопје. Сега конечно, Законот за управување со дополнителни текови на отпад им овозможува на општините да постапуваат. На потег се локалните власт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот