Последна пресметка со обвинувања на Лула и Болсонаро пред изборниот дуел

Лула, Болсонаро/ Фото Колаж на СП/ Фото ЕПА

Анкетите покажуваат дека Лула има предност од околу 10 до 15 процентни поени пред Болсонаро пред првиот круг на гласање, но не може со сигурност да се тврди дека в недела ќе добие поддршка од 50 отсто од гласачите за да може да прогласи победа веќе по првиот круг од изборите.

Главните претседателски кандидати на Бразил разменија обвинувања за корупција во нивната последна дебата пред изборите в недела.

Актуелниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро го обвини својот левичарски ривал, поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва дека е „шеф на криминалната група што клептократски владееше со Бразил“ за време на неговите два претседателски мандата од 2003 до 2010 година.

Лула, кој има убедливо водство според анкетите спроти првиот круг од гласањето, го нарече Болсонаро „бесрамен лажго“ и го обвини дека неговата администрација „прикрила мито за да купи вакцини“ за време на пандемијата на ковид-19, во која починаа повеќе од 680.000 Бразилци.

Кандидатот на центарот Симоне Тебет од Партијата на бразилското демократско движење (МДБ) ги обвини двајцата главни кандидати дека трошат енергија на лични напади наместо да се фокусираат на предлозите за решавање на високата невработеност и растечкиот глад.

Анкетите покажуваат дека Лула има предност од околу 10 до 15 процентни поени пред Болсонаро пред првиот круг на гласање, но не може со сигурност да се тврди дека в недела ќе добие поддршка од 50 отсто од гласачите за да може да прогласи победа веќе по првиот круг од изборите. Ако никој кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, двајцата со најмногу гласови ќе се соочат во вториот круг на 30 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот