Последна пресметка со Груевизмот и Ивановизмот

Во Република Северна Македонија на 21 април ќе се одржат шестите претседателски избори од прогласувувањето на независност на 8 септември 1991 година. Претседателските избори претставуваат шанса за продолжување на промените во Република Северна Македонија започнати со формирањето на новата коалициона Влада на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, пишува Меѓународниот институт ИФИМЕС во својата најнова анализа.

Претседателските избори во Република Северна Македонија се несекојдневни избори за двете политички страни, бидејќи се води политичка борба меѓу демократијата и авторитаризамот помеѓу граѓанскиот и/или етничкиот карактер на Северна Македонија.

„На претстојните избори се завршува транзицијата, односно процесот на преземање на власта, кој е започнат со формирањето на новата Влада на Република Северна Македонија на 31 мај 2017 година, на кои дефинитивно беше поразен режимот на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Поради тоа претседателските избори се важни, бидејќи со нив се задава последниот удар на таканаречениот Груевизам и Ивановизам, кој се случуваше во режија на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов и кој тој се обидува повторно да го воспостави преку кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова“, пишува во анализата на ИФИМЕС.

Шанса за пад на последната тврдина на Груевизмот

Меѓународниот институт ИФИМЕС смета дека претстојните избори во Република Северна Македонија се исклучително значајни за иднината на оваа држава, бидејќи претставуваат продолжување на политичките процеси, односно промените кои настапија на сила со Преспанскиот договор.

Аналитичарите очекуваат заострување на реториката при крај на кампањата, која не смее да доведе до конфликти, насилство и вмешување на фактори од страна, првенствено Русија, која и понатаму интензивно работи на дестабилизација на Северна Македонија.

Успешно спроведени претседателски избори ќе претставуваат уште еден важен чекор на патот за тоа Република Северна Македонија во декември 2019 година да стане 30 полноправна членка на НАТО и конечно да ги започне преговорите за членство во ЕУ во јуни 2019 година.

Според анализата на ИФИМЕС, претседателските избори се шанса за пад на последната тврдина на Груевизмот во Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот