Последна пленарна седница пред летната собраниска пауза

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Собранието денеска треба да ја одржи 109-та седница, која според собраниската агенда е последно пленарно заседание пред летната пауза што ќе трае до 27 август.

На дневен ред на денешната седница, меѓу другото, се Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка” во Исламската Република Авганистан, Предлог законот за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, во прво читање, како и Предлог законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, исто така во прво читање.

На дневен ред на оваа собраниска седница се и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за возила, како и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство.

Пратениците на оваа седница треба да ги разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, Годишниот извештај за работата на ЈП Македонската радио телевизија за 2018 година, како и Извештај за реализација на годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот