Последна официјална посета на Меркел во Белата куќа

Средба Меркел и Бајден /Фото: EPA-EFE/Doug Mills / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, во најверојатно нејзината последна официјална посета во Вашингтон. 

Меркел претходно одржала состанок со потпретседателката на САД, Камала Харис, а планира да се сретне и со други високи американски функционери.

Харис ја пофали „извонредната кариера“ на германската канцеларка, додека пак Меркел изјави дека е среќна што има прилика да се сретне со првата жена потпретседател на САД. 

Меркел за време на нејзините мандати, се сретнувала со четири американски претседатели, а со Бајден ќе разговараат за справувањето со пандемијата и зголемувањето на кинескиот и рускиот гасовод. 

Посетата на Меркел е првата посета на Европски лидер во Белата куќа откако на власт е Џо Бајден. Тие ќе разговараат и за борбата со која се соочува демократијата, како и за климатските промени. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот