Килијан Мбапе пред завршна одлука, летово во Реал Мадрид или не/Фото: EPA-EFE/Julien de Rosa

Последна „кралска“ понуда за Килијан Мбапе – 200 милиони евра

И натаму со големо внимание се следи ситуацијата околу тоа дали Килијан Мбапе ова лето ќе се пресели од ПСЖ во редовите на Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативен напаѓач уште еднаш докажа дека е во одлична форма, изминатиот викенд во дебито на Лионел Меси за париските „светци“ постигна два гола во гостинскиот триумф над Ремс (0:2).

Првите луѓе на актуелниот вицешампион на Франција сè уште не одговориле на понудата на Шпанците, вредна 180 милиони евра. Доколку не добијат повратна информација, Мадриѓаните ќе излезат со последната понуда.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е подготвен да понуди 200 милиони евра за играчот на ПСЖ. Вредноста на трансферот би била 170 милиони, а уште 30 милиони Мбапе би добил како бонуси.

Реакцијата на парижаните сè уште се чека. Мбапе одби да потпише нов договор и во летото 2022 година има можност да замине како слободен играч без надомест. Тој веќе во неколку наврати истакна дека има желба да го носи дресот на „кралскиот клуб“.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино изјави дека сè уште смета на Мбапе и дека е вистинско богатство за тимот од Париз. Летниот преоден рок официјално завршува во вторник, 31 август.

ФОТО+ВИДЕО: Момент за историја, Лео Меси дебитираше за ПСЖ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот