Последна анкета пред изборите: Милановиќ ја надмина Колинда, Шкоро бележи драстичен пад

Во Хрватска денес е последниот ден од кампањата на претседателските кандидати, пред започнувањето на предизборниот мок кој ќе настапи на полноќ.

Хрватската телевизија „Нова ТВ“ го прикажува последното големо истражување за финалето на кампањата, вклучително и конфронтација на претседателските кандидати на јавната телевизија.

Милановиќ ја надминува Колинда

Се порамнија Зоран Милановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ. Кандидатот на СДП на тој начин би освоил 24,3 проценти, а кандидатот на ХДЗ 24,2 проценти од гласачите. Во споредба со последната анкета на ТВ Нова, Милановиќ ниту добил ниту изгубил поддршка, но Колинда Грабар-Китаровиќ изгубила 3 отстотни поени за тој период.

Мирослав Шкоро, исто така не може да биде задоволен од завршницата на кампањата, затоа што има поддрша од 18 проценти. А, на почетокот на кампањата, можеше да смета на 23 проценти од гласовите.

Другите кандидати?

Мирослав Колакушиќ ја губи поддршката со недели и може да смета на 5,5 проценти поддршка (тој имаше 8,2 проценти на почетокот на кампањата). Иван Пернар, пак малку го подобри личниот рејтинг, но тој е далеку од второто круг. Во моментов за него би гласале 3,4 проценти од анкетираните.

Дарио Јуричан или Милан Бандиќ го подобрија својот со преформансите против  градоначалникот на Загреб, имаат рејтинг од 3,3 проценти. Далија Орешковиќ не собра многу избирачи. Може да смета на поддршка од 2,8 проценти пред изборите.

Кандидатот на ХСЛС, Дејан Ковач не ја искористи кампањата и може да смета на 2,3 проценти од поддршката.

Катарина Пеовиќ, кандидат за Нова левица, доби поддршка во кампањата, но тоа е далеку од потребното за да биде сериозна закана за некого. Може да смета на 1,4 проценти.

Како на почетокот на кампањата, Анто Аpапиќ сега има поддршка од 1,1 процент, а Недељко Бабиќ, уште полошо – тој во моментов има поддршка од 0 проценти.

Интересно е што, во споредба со истражувањата од почетокот на кампањата, бројот на неопределени гласачи се зголеми од 8 на 13,6отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот