Последен „танц“ на Вардар пред своите навивачи

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот ракометен шампион Вардар, вечерва (20 ч.) за последен пат ќе настапи во Лигата на шампионите по најавата на сопственикот Сереј Самсоненко дека се повлекува од „црвено-црните“.

Соопштението на Самсоненко дека на крајот од сезоната се повлекува од Вардар, вечерашната пресметка со Пик Сегед, го направи првиот четвртфинален натпревар, емотитивен, како за ракометарите така и за фановите кои во последните шест години, под водство на Самсоненко, дишеа како еден.

Желбата на ракометарите е на својата верна публика која секогаш, и во успесите и во поразите,е со своите миленици.

– Ќе направиме се за да обезбедиме пласман на Ф4. Го играме последниот меч пред најдобрата публика во светот. Сите билети се продадени и не смееме да си дозволиме да не го одиграме овој натпревар најдобро што знаеме. Сакам да бидам коректен и да им подариме победа за крај – вели Дибиров.

Најверните навивачи и целата македонска јавност се надева дека ќе се повтори минатата сезона, кога Самсоненко изјави дека го гаси женскиот клуб, по што проработе инаетот кај ракометарките и обезбедија пласман на завршниот турнир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот