Последен обид на Тереза Меј

Фото: Принтскрин

Британската премиерка, Тереза Меј, ќе се обиде повторно кон почетокот на јуни да ја обезбеди поддршката од парламентот за постигнување на договор околу излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Парламентот веќе три пати го одби договорот за Брегзит, кој го постигнаа Меј и ЕУ кон крајот на минатата година, пренесуваат светските медиуми.

Како што информираат од кабинетот на британската премиерка, Тереза Меј има за цел да побара пратениците да гласаат во неделата која почнува на трети јуни.

Инаку, таа веќе најави дека ќе се повлече од функцијата премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот