Последен ден од МЕФ 2019 – Слободен печат
ВестиЕкономија

Последен ден од МЕФ 2019

Темата на првиот панел ќе биде „Нови технологии и обновливи извори во целокупното производство на електрична енергија по 2030 година".

Со воведно обраќање на шпанскиот амбасадор Емилио Лорензо Сера на тема „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност – искуства од Шпанија” и одржување на двата последни панела денеска во Струга ќе биде затворена меѓународната конференција за енергетика „Македонски енергетски форум – МЕФ 2019″.

Темата на првиот панел ќе биде „Нови технологии и обновливи извори во целокупното производство на електрична енергија по 2030 година” на која меѓудругите ќе дебатира и министерот за економија Крешник Бектеши. Вториот панел е на тема „Енергетската ефикасност како главен фактор за намалување на потрошувачката на енергија по 2030 година”.

На настанот, чија тема е „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност”, во изминатите два дена дебатираа високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close