После турбулентниот период конечно ја пронајде среќата: Деми Ловато се вери со своето момче! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Пејачката Деми Ловато и актерот Макс Ерик се верија по 5 месеци врска. Деми објави фотографии на Инстаграм и се пофали со прстенот, известуваат од „TeenStar“.

инстаграм

Гласините за врската помеѓу Деми и Макс започнаа на 11 март, кога актерот објави видео во кое пее, а пејачката му остави коментар „за моето срце“. Макс одговори на коментарот и така започна нивниот флерт онлајн.

инстаграм

Наредниот месец се појави информација дека пејачката после само еден месец врска се верила, но набргу беа демантирани тие гласини.

инстаграм

„Макс е навистина вљубен во Деми и е целосно фасциниран од неа“, изјавил своевремено извор близок на парот. „Тој веќе се пресели во нејзиниот стан и сè оди многу добро. Тие постојано се шегуваат и се смеат цел ден, се забавуваат едни со други“, додал изворот.

инстаграм

„Кога бев мало девојче, мојот вистински татко ме нарече мала партнерка – нешто што можеби звучи чудно без неговиот јужен акцент, но тоа ми звучеше сосема логично. Денес, тој збор има смисла повторно, но од денес, јас сум официјално нечиј партнер“, започнува описот покрај објавата.

инстаграм

„Макс, те засакав од моментот кога те запознав. Не можам да го опишам тоа чувство на некој што не го искусил, но за среќа се чувствуваше исто … Не сум се почувствувала волку безусловно сакано, со сите недостатоци“, продолжи Деми.

Фото: Профимедиа

„Никогаш не ме присилуваш да бидам ништо друго освен ЈАС. Знам дека сакаш да бидам најдобрата верзија на себе, затоа прифаќам да бидам со тебе во брак. Те сакам повеќе отколку што можам да напишам во описот и јас сум возбудена што ќе започнам живот и семејство со тебе. Те сакам засекогаш. Мојот партнер. Наздравувам за нашата иднина“, напиша пејачката покрај фотографиите од веридбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот