После сите несреќни случувања, пејачката повторно ја врати насмевката на своето лице: Селена Гомез посреќна од било кога! (ФОТО)

Пејачката Селена Гомез многу ретко ја гледаме во јавноста. 27-годишната убавица сепак била забележана оваа недела во Лос Анџелес во друштво на неколку блиски пријателки. Во кежуал издание со скинати фармерки и романтична, розева блуза, Селена не ја тргнала насмевката од своето лице. Убаво е да се види тоа со оглед на сите непријатни ситуации кои ја следеа последните неколку години и за кои не зборуваше отворено.

Profimedia

Всушност, Селена првиот договор го потпишала на 16 години и иако славата никогаш не ја удрила во глава, тоа многу се одразило на нејзиното психичко здравје. Потоа и бил дијагностициран лупус, хронична автоимуна болест која може да погоди разни делови од телот, вклучувајќи ја кожата, зглобовите, срцето, белите дробови, крвта, бубрезите и мозокот. За тоа таа проговорила дури години подоцна, а колку ѝ била сериозна состојбата, доволно говори трансплантацијата на бубрегот која морала да ја има во 2017 година. Бубрегот ѝ го донирала нејзината блиска пријателка Франсиа Раиса.

Profimedia

Пред болната операција, Селена била на светската турнеја „Revival“, но дел од концертите ги откажала поради напад на паника и борба со депресија, поради кои неколку пати се повлекувала од друштвените мрежи и пријавувала на рехабилитавија. Таа помина и низ токсичен однос со својот колега Џастин Бибер кој траел до 2018 година. Младите музичари врската ја започнале во 2010 година и колку и да изгледале среќни заедно, позади затворените врати се случувале вистински драми. Селена за сето тоа проговори дури неодамна и призна дека била жртва на психичко насилство, но тоа никако не сакала да го признае.

инстаграм

„Морав да пронајдам начин сето тоа да го разберам кога малку повеќе созреав. Не сакам да го поминам животот зборувајќи за оваа тема, но многу сум среќна што поминав преку сето тоа и сега се чувствувам посилна од било кога. Поминав низ тоа најдостоинствено што можев. Таа врска не заврши како што требаше и морав тоа да го прифатам, но сето време ми изгледаше како да морам некаде да ја раскажам целата ситуација“, раскажала Селена која имала кратка врска и со The Weekend, но таа траела само 10 месеци. Сепак, изгледа како лошите денови да се зад неа. Освен што денес е една од најомилените пејачки, Селена изгледа подобро од било кога, дури и во кежуал издание без шминка, а насмевката на нејзиното лице говори се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот