После сценариото кое го потресе светот, пресврт на пазарот на нафта

Кон опоравувањето на цената на нафтата придонесоа и помалите испораки на ОПЕК.

Цените на нафтата, кои пораснаа во последните четири недели, денеска главно беа стабилни зошто намалената понуда го неутрализира растечкиот скептицизам во поглед на опоравувањето на побарувачката.

Северноморската нафта „брент“ зајакна за пет центи или 0,14 отсто, на 35,08 долари за барел за 10,14 часа по средноевропско време, додека американската ВТИ нафта забележа раст за 14 центи или 0,42 проценти, на 33,39 долари по барел, известува Ројтерс.

Во однос на почетокот на оваа година, цената на двата типови нафта меѓутоа се пониско за околу 45 проценти.

Сомнежот меѓу берзанските актери во поглед на опоравуањето на побарувачката ги разгореа тензиите меѓу САД и Кина, најголемите светски потрошувачи на „црното злато“, поради одлуката на Пекинг да воведе закон за безбедност во Хонгконг.

Односите меѓу Вашингтон и Пекинг се заострија од избивањето на епидемијата на коронавирус, а двете земји и претходно имаа несогласувања поради повеќемесечните демонстрации во Хонгконг, човековите права, трговијата и американската поддршка на Тајван, кого Кина не го признава и го смета за дел од својата територија.

Кон опоравувањето на цената на нафтата придонесоа и помалите испораки на Организацијата на земји извознички на нафта и нејзините сојузници кои веќе месец дена доброволно го намалуваат производството на 9,7 милиони барели дневно.

Истовремено, бројот на американските бушотини, како прелиминарен индикатор за идното производство, падна за 21 на рекорден минимум од 318 бушотини во неделата до 22 мај, покажуваат податоците на компанијата Бејкер Хјуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот