После САД и Германија реагира за спорниот закон за ОВК: Не е во склад со основите слободи

Амбасадорот на САД во Приштина веќе еднаш реагираше на намерата да се донесе овој закон, а тоа уште еднаш го направи и денеска, велејќи дека тоа не е во склад со основите слободи, пред се слобода на говорот.

Откако амбасадорот на САД во Приштина Филип Коснет изнесе сериозни критики на сметка на законот кој Приштина планира да го усвои, а кој ја велича „ослободителната борба“ на терористичката ОВК, тоа го направија и други дипломатски претставници.

– Во демократското општество не би било добро да се гушат расправите ограничувајќи ги со кривичен закон, наведе германскиот амбасадор Јорн Роде.

Швајцарската амбасада во соопштението изрази загриженост дека законот би можел да ја поткопа слободата на изразување, и ги повика косовските лидери да пронајдат други начини за да покажат почитување кон ОВК.

– Предложениот закон може да предизвика застрашување кај некои граѓани на Косово и да ги пречи другите процеси насочени кон соочување со минатото, наведуваат од Швајцарската амбасада, пренесува РТС.

Амбасадорот на САД во Приштина веќе еднаш реагираше на намерата да се донесе овој закон, а тоа уште еднаш го направи и денеска, велејќи дека тоа не е во склад со основите слободи, пред се слобода на говорот.

– Би се заплашувале граѓаните, од било која националност, било која етничка припадност, кои сакаат да понудат ставови или толкувања надвор од главните текови, би фрлил вел на страв и неизвесност во политичкиот говор и би отворил врата на каприциозни или селективни обвинувања, оценува Коснет во авторскиот текст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот