После Роналдо, и Модриќ му го исполни сонот на момчето кое го освои светот! (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Со над 200.000 илјади фанови Али Амир е популарна личност што навистина инспирира борејќи се против пречки со кои се соочува во животот.

Вистински пример за храброст и дух, Али Амир, момче без нозе, отпатува за Мадрид да го посети тренинг кампот на Реал Мадрид.

Таму се сретна со еден од фудбалерите на „кралскиот“ клуб, хрватскиот интернационалец Лука Модриќ со кој си ја подаваа топката.

Со над 200.000 илјади фанови на социјалните мрежи, Амир е популарна личност што навистина инспирира борејќи се против сите пречки со кои се соочува во животот.

– Најдобрите нешта во животот никогаш не се лесни – вели Модриќ во видеото со Амир додека жонглираат со фудбалската топка.

Претходно истото го направи и со португалскиот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот