После ова ќе го исклучите греењето пред спиење: Зошто е подобро да спиете во студена соба отколку во топла?

Температурата од 18 степени Целзиусови може да значи разлика помеѓу лошиот и мирниот сон, напоменуваат експертите.

„Се препорачува спалната соба да има температура од 18 степени, но таа температура за многумина е премногу студена. Најдобро е да се концентрирате на тоа собата во која спиете секако да биде постудена од остатокот од домот“, советува експертот за сон, Џејмс Вилсон.

Спиењето во постудена соба помага да останеме свежи и да изгледаме помлади. Исто така, пониската температура го стимулира производството на мелатонин, кој се нарекува и телесен хормон за спиење. Тој е и антиоксидант, што значи дека служи како хормон против стареењето на телото.

Спиењето во постудена просторија може да помогне и во спречувањето на несоницата. Студиите истакнуваат дека неколку форми на несоница се всушност поврзани со повисоките телесни температури. Многу луѓе со несоница имаат тешкотии да ја регулираат телесната температура, ограничувајќи ја способноста за губење на топлината. Повисоките температури значат дека телото ослободува повеќе хормон на стресот – кортизол. Постудената просторија помага во одржувањето на нивото на кортизол, што значи помал стрес и подобар квалитет на сонот.

Спиењето во ладна соба може да ги намали и шансите за развој на метаболички заболувања, како што е дијабетесот. Исто така, го подобрува нивото на хормонот за раст, кој помага во спречувањето на срцеви болести, депресија и дебелина. Зголемениот мелатонин го намалува и ризикот од Алцхајмерова болест.

Една од предностите на спиењето во постудена соба е тоа што спречува габични инфекции. Спиењето во ладна соба може да има смирувачки ефект, што може да помогне во борбата против болките и воспаленијата, кои инаку би можеле да го прекинат сонот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот