После Милано, шампионските соништа на Наполи добија нов жесток удар

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

„Наполитанците“ предводени од тренерот Лучано Спалети не само што го претрпеа првиот пораз во Серија А од Интер во Милано, туку и останаа без главниот играч во нападот, Виктор Осимен кој е најдобар стрелец во досега сезонава со пет голови.

Нигерискиот напаѓач мечот против „нераѕурите“ го заврши пред крајот поради незгоден удар во лицето. Осимен денеска беше опериран во болница во Милано, и според најавите ќе паузира три месеци.

Според официјалните информации кои ги објави Наполи, напаѓачот имал фрактура на јаболчницата на неколку места. Играчот по операцијата се чувствува добро, ќе остане во болница на опсервација уште неколку дена, а потоа ќе биде пуштен на домашно лекување.

А во следните 90 дена, според сегашните проценки, нема да биде на теренот. Воедно тоа значи дека репрезентацијата на Нигерија за Африканскиот куп во јануари нема да може да смета на Осимен.

Моментно на табелата во најсилното италијанско првенство Наполи ја дели првата позиција со Милан со по 32 бодови, четири повеќе од третопласираниот Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот