После Мане, Ливерпул подготвен да го продаде и Салах!?

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Германскиот менаџер на „црвените“, Јирген Клоп, до крајот на преодниот рок би можел да остане без уште еден одличен играч.

Британските медиуми пренесуваат дека клубот од Енфилд е подготвен да го пушти Египќанецот Мохамед Салах по низата неуспешни преговори за продолжување на соработката.

Салах влегува во последната година од договорот со вицешампионот на Англија и финалист во Лигата на шампионите, а сè помалку се чини дека ќе се договори за нов.

Затоа Клоп и неговите соработници се подготвени да дозволат Салах да го напушти клубот во случај на добра понуда. Се верува дека понудата во висина од 70 милиони евра би можела да ги задоволи апетитите, а се шпекулира дека најзаинтересиран за Салах е освојувачот на ЛШ, Реал Мадрид.

Египетскиот фудбалер продолжува да инсистира да добие големо зголемување на платата во Ливерпул, од 240.000 на 400.000 фунти, колку што заработува дефанзивецот Вирџил ван Дајк.

Ливерпул летово веќе успеа да ангажира еден напаѓач, Уругваецот Дарвин Нуњез кој дојде од Бенфика. Салах минатата сезона постигна 31 гол и запиша 16 асистенции на 51 меч во сите натпреварувања во дресот на англискиот клуб.

Од 2017 година досега ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига купот, како и Суперкупот на УЕФА и ФИФА Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот