После Фајзер и АстраЗенека со лоши вести: Испораките на вакцината за ЕУ ќе бидат помали од предвиденото

Фото: EPA

Компанијата АстраЗенека денеска соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите од ЕУ, која е развиена со Оксфордскиот универзитет, ќе бидат помали од предвиденото поради застој во производството.

– Почетните количества ќе бидат помали отколку што беше првично предвидено поради намалените приноси на местото на производство во рамки на нашиот европски синџир на снабдување, порача портпарол на британската компанија во писмено соопштение, одбивајќи да даде повеќе детали.

Тој додаде дека компанијата ќе им достави на државите од ЕУ десетина милиони дози во февруари и март, кога ќе продолжи да го зголемува обемот на производството.

Вакцината на АстраЗенека и Оксфордскиот универзитет би требало да добие дозвола за употреба во ЕУ до крајот на овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот