После Џордан, Коби Брајант е најдобриот

Легендарниот кошаркар Чарлс Баркли кој сега работи како стручен аналитичар смета дека Коби Брајант е најдобриот кошаркар што го гледал по неповторливиот Мајкл Џордан.

Баркли заедно со Карл Мелоун и Патрик Јуинг се сметаат за едни од најдобрите кошаркари во историјата на НБА ллигата кои не успеале да ја освојат титулата.

Баркли најблиску до трофејот беше во 1993 година кога како член на Феникс санс загубо во големото финале од Чикаго булс со 4:2 во победи.

Предводник на Чикаго беше токму Мајкл Џордан, а „биковите“ сите шест титули ги освоија токму со Џордан во тимот.

Коби Брајант е кошаркарот кој најблиску се доближи до Мајкл. Никогаш не сум играл против Карим Абдул Џабар или Бил Расел како и против Леброн Џејмс во нивните најдобри времиња. Но, Коби дојде најблиску до нивото на Џордан. Тоа го зборувам иако играв против младиот Коби, многу порано откако стана еден од најдобрите кошаркари во историјата – изјави Баркли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот