После цел месец соопштена е вистинската причина за смртта на легендарниот Шон Конери!

профимедиа

На 31 октомври на Бахамите, почина легендарниот Џејмс Бонд – Шон Конери, а сега конечно се откри причината за смртта.

За многумина тој е единствениот Џејмс Бонд: Почина легендарниот Шон Конери

Според првичните информации беше соопштено дека актерот починал во сон, а сега се дознава дека причината за смртта биле пневмонија, респираторна слабост, старост и атријална фибрилација – неправилно чукање на срцето.

Профимедиа

– Таков живот не беше за него. Тој не беше во можност да се изрази во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирно. Цело време бев со него и тој само заспа. Така сакаше и да биде – изјави сопругата на Шон, Мишелин, за Дејли меил.

Љубовната приказна на Шон Конери: Само една жена знаеше како да го заведе

Неговата сопруга изјави дека покрај Шон имала прекрасен живот и дека е среќна што заедно остареле, но и дека тој е човек на кој многумина треба да се угледуваат.

Профимедиа

– Тој беше прекрасен човек и имавме одличен живот заедно. Тој беше човек на кој другите му се восхитуваа. Ќе ми биде тешко без него, го знам тоа. Но, свесна сум дека не може да траеме вечно – изјави Мишелин.

Тежок период за вдовицата на Шон Конери: Го изгуби сопругот и сега сакаат да ја судат за даночна измама

Покрај фановите со славниот Бонд се простија и бројни актери, политичари и познати личности. Скоро сите се согласуваат дека тој беше еден од најлегендарните актери, а почит му оддаде и сегашниот Џејмс Бонд – Даниел Крег.

Профимедиа

Фудбалската приказна за Шон Конери: Го одби Манчестер јунајтед и славниот Безби за да стане омилениот Џејмс Бонд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот