После Берлин и Њујорк, откажан маратонот и во Париз!

фото: твитер

Маратонот во францускиот главен град, кој беше планиран да се одржи на 15 ноември, истиот нема да се организира поради коронавирусот.

Еден од најголемите светски маратони во Париз прво беше закажан за 5 април, но поради ситуацијата со Ковид-19, истиот беше презакажан за ноември, но организаторите одлучија дефинитивно да биде откажан.

Се обидовме со сите сили да се организира маратонот, но должни сме да го откажаме поради загриженоста околу здравјето на натпреварувачите.

Жал ни е навистина на сите оние кои напорно се подготвуваа и се надеваме дека ќе го организираме маратонот во 2021 година – стои во соопштението на организаторите.

Пред маратонот во Париз, откажани се и маратонските трки во Берлин и Њујорк, додека маратонот во Лондон е закажан за 4 октомври, но со ограничен број на натпреварувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот