После Азар, Реал договори уште една ѕвезда на Челзи!? (ФОТО)

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

После ангажирањето на Еден Азар ова лето, Реал Мадрид договори уште едно доаѓање од Челзи, станува збор за еден од најбараните играчи за врска во светот, Н`Голо Канте.

Уште ова лето тренерот Зинедин Зидан имаше намера да го доведе својот сонародник, но безуспешно. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ само поради забраната за доведување на играчи не сакаше да го пушти Канте.

Но, според пишувањето на британскиот „Сан“, премиерлигашот постигнал вербален договор со шпанскиот гигант според кој фудбалерот би требало да се пресели во Мадрид наредното лето 2020.

Тоа не значи дека сите детали се завршени, а Челзи ќе го информира Реал доколку пристигне понуда за Французинот или доколку претходно одлучи да го продаде.

Канте минатата сезона беше еден од најважните играчи на Челзи и за 53 одиграни натпревари реализираше пет голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот