После Аријана Гранде, тој е во врска со ќерката на Синди Крафорд! (ФОТО)

Пит Дејвидсон познат по врските со бројни славни дами, а сега на тој список се најде и 18-годишната Каја Гербер. Комичарот познат по бурните врски со Аријана Гранде и 20 години постарата Кејт Бекинсел, уште еднаш е виден во друштво на 18-годишната манекенка чија мајка е славната Синди Крафорд.

Всушност, папараци ги фати за време на вечерно излегување во Малибу, кога после вечерата со автомобилот се упатиле во непознат правец.

За нивната врска започна да се „шушка“ уште пред неколку недели кога беа видени на ручек во Њујорк, но тогаш изворите тврделе дека се само пријатели.

Пред оваа романса, Дејвидсон беше во врска со младата актерка Маргарет Квели, а наводно со неа прекинал само седум дена пред да е виден со Гербер.

View this post on Instagram

Talk to the hand ….

A post shared by Pete Davidson️️️️️? (@petedavidsonoriginal) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот