После 43 обиди, Роналдо конечно реализираше од слободен удар! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од 30 коло во најсилното италијанско првенство екипата на Јувентус ја оправда фаворитската улога против Торино (4:1).

Гол серијата ја стартуваше Дибала уште во третата минута од средбата, па зголеми Квадрадо по додавањето на Роналдо.

Непосредно пред паузата од пенал намали Белоти, а во вториот дел, поточно во 61 минута за 3:1 се погрижи Роналдо.

После 43 обиди, првата ѕвезда на „Старата дама“ конечно успеа да реализира од слободен удар. Конечниот епилог беше поставен во самиот финиш со автоголот на Џиџи.

На табелата Јуве е на првото место со 75 бодови, седум повеќе од Лацио кој својот меч ќе го има вечерва во дербито против Милан (21.45 часот), а претходно од 19.30 часот силите ќе ги одмерат Сасуоло и Лече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот