После 25 години вовчето “Мечо” се врати во Градскиот парк во Битола

–После 25 години, повторно ја враќаме традицијата, која што беше многу значајна за Битола. “Мечо” повторно стартува во Битола. Ова е еден мал придонес за градот, на задоволство на најмладите, на нивните родители, на сите добронамерни граѓани, кои се радуваат на овој настан. Би сакал да се заблагодарам на советниците од Советот на Битола, што ја поддржаа оваа иницијатива. Ова е само една од сите добри работи кои ги правиме со заедничка соработка, како со јавното претпријатие, така и со бизнис секторот и ги повикувам и сите други општествено одговорни компании, да продолжат да работат на овој начин, а ние како локална самоуправа сме отворени за соработка, изјави битолскиот градоначалник Тони Коњановски.
Директорот на ЈП “Паркинзи”, Зоран Михајловски ги повика најмладите да бидат дел од промотивните бесплатни возења.