После 20 години се открила вистината: Џенет Џексон лажела дека имала абортус!

Фото: Инстаграм

На нејзините фанови им е познато дека познатата поп ѕвезда Џенет Џексон го загубила детето во далечната 1984 година, но нејзиниот поранешен сопруг тврди дека тоа не е вистина.

Оваа несекојдневно обвинување во јавноста го изнесе нејзиниот поранешен сопруг Џејмс Дебарж и тоа во 2016 година, во документарниот филм „Хип-хоп растење“.

Членката на познатотото музичко семејство Џексон и помладата сестра на кралот на попот Мајкл Џексон, Џенет Џексон застана на лудиот камен со Дебарж во 1984 година и тоа по многу кратка врска, а бракот беше поништен по една година.

Во тоа време во Холивуд кружеа гласини дека Џенет Џексон е бремена и дека наводно го загубила бебето, но пред неколку години американските медиуми пишуваа дека тука нема многу вистина.

– Доста ми е криење, изјави Дебарж во споменатиот документарец. – Доста ми е од тоа вистината да не излегува на виделина и луѓето да се однесуваат како кукавици. Сакав да прозборам за тоа бидејќи едноставно некој мораше! Искрено, јас тоа тогаш не го ни знаев. Ме натера да поверувам дека бебето не постои и долги години да верувам во невистини. Но невистините излегоа дека се вистини, објасни тој.

Пејачката не се огласи на ова негово обвинување.

Инаку, таа беше во краток брак со познатиот катарски бизнисмен Висам ал Ман и толку и беше посветена на оваа љубов, што поради него прејде во исламот. На 51 година на свет го донесе нивниот син Еис ал Ман. Сепак, нивната љубов не потраја, а пејачката наводно во бракот трпела психичко злоставување

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот