После 100 дена пауза, Премиерлигата продолжува зад затворени врати

twitter/Forbes

Се очекува сите преостанати 92 натпревари да се одиграат до 27 јули, а Ливерпул е многу блиску до освојување на шампионската титула.

Поради пандемијата на коронавирус во прекин се најдоа скоро сите фудбалски првенства ширум Европа и светот, а помеѓу нив и Премиер лигата.

Тест за Ковид-19, натпревар, па повторно нови тестови, нови мечеви..така некако треба да изгледа животот на фудбалерите во најсилното англиско првенство кое после 100 дена пауза, денеска официјално се враќа.

Ќе биде тоа еден пеколен ритам за играчите кои според експертите ќе ризикуваат и повреди поради долгата пауза без фудбал, а тоа веќе се случува на останатите шампионати.

За 39 дена очекува сите преостанати 92 натпревари да се одиграат до 27 јули, со максимални мерки на безбедност.

фото: твитер

Како што е веќе познато стадионите до крајот на сезоната ќе бидат празни, Ливерпул е многу блиску до освојување на шампионската титула (после 30 години), со 25 бодови предност пред второпласираниот Манчестер сити.

На „црвените“ предводени од менаџерот Јирген Клоп им се потребни две победи и теоретски да го обезбедат првото место на табелата, а можеби и тој втор триумф нема да им биде неопходен доколку вечерва „граѓаните“ загубат од Арсенал во дербито.

Лестер е блиску до пласман во Лигата на шампионите, а четвртопласираниот Челси ќе води битка против Манчестер јунајтед, Вулверхемптон, Шефилд јунајтед, Тотенхем, Арсенал..За местата во елитата ќе зависи и тоа дали ќе биде усвоена жалбата на одлуката на УЕФА да му се забрани настап на Сити во наредните две сезони на меѓународната сцена.

Премиер лига

Денеска –
19.00 часот Астон Вила-Шефилд јунајтед
21.15 часот Манчестер сити-Арсенал

Табела:
1.Ливерпул 82 бодови
2.Манчестер сити 57
3.Лестер 53
4.Челси 58
5.Манчестер јунајтед 45
6.Вулверхемптон 43
7.Шефилд јунајтед 43
8.Тотенхем 41
9.Арсенал 40

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот