Послаб земјотрес почувствуван во Гевгелија и околината

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Земјотрес со интензитет од речиси четири степени според Европската макросеизмичка скала, чиј епицентар бил во Грција, е почувствуван вечерва во Гевгелија и околината.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,  вечерва во 20 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 200 km југоисточно од Скопје и потекнува соседна Грција. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.8, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопшти вечерва Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот