Поскапување и поевтинување за половина денар на горивата

Фото: Архива на „Слободен печат“

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толку поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари, литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 79 денари. За литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се плаќа по 68 денари, како и 67,5 денари за литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1).

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,242 денар/килограм, и ќе изнесува 42,135 денари за колиграм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292 проценти , кај дизелот има намалување за 0,461 проценти , кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,817 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,838 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103 проценти, информира РКЕ во одлуката за промена на цените на горивата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот