Пошумување на дел од Скопска Црна Гора

Пошумување/Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Општина Гази Баба во соработка со Здружението на граѓани „Treebanks”, ЈП „Национални шуми”, Шумарскиот факултет и Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007″, денеска организира акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на населено место Раштак.

Во акцијата, како што информира Општина Гази Баба, планирано е да се засадат 3200 садници, јасен и багрем. Овие типови на садници се препорачани од стручните лица од Шумарскиот факултет, а се согласно Студијата за заштита од ерозија на Скопска Црна Гора.

-Оваа иницијална акција е само почеток на поголем проект со крајна цел озеленување и пошумување на цело ерозивно подрачје на територија на Општина Гази Баба. Со тоа се спречува уништувањето на квалитетната почва за земјоделството на пониските терени со наноси од ерозивните подрачја, се зголемува зелениот фонд на општината и значително се влијае на подобрување на квалитетот на животната средина, се наведува во соопштението.

Во акцијата најавено е дека ќе учествуваат повеќе општествено одговорни правни субјекти на територија на Општина Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот