Поштарите работат само пеш – немаат ни велосипеди, ни мопеди, велат од синдикатот

Фото: mia.mk

Боро Велигденов, претседателот на синдикатот во Пошта, вечерва во емисија „24 анализа“ се пожали на тешки услови за работа во државното претпријатие.

„Се соочуваме со супстандардни услови за работа во објекти постари од 50 години. Не се ни бојадисувани. Немаме основни средства за работа, нема велосипеди, мопеди, технолошки возила, компјутерска опрема. Најбитно во барањата е да се изготви нова систематизација за реорганизација на работењето за да се приспособиме на условите на пазарот, вели Велигденов.

Боро Велигденов од синдикатот на Пошта / фото: ТВ24/принтскрин

Според него, на проблемите мора да им се погледне во очи.

„На 7 март директорот не извести дека не може да присуствува на состанокот поради итни неодложни обврски и дека го поддржува барањето на вработените за линеарно покачување на платите. Платите во АД Пошта не се покачени веќе 30 години. Моментално само над 30% од вработените земаат под минималната плата. Генерален штрајк се додека не се исполнат нашите барања, рече Велигденов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот