Поштар си ги присвоил пензиите на тројца гостиварци

Поштар дома ги носи пратките и сметките/ EPA-EFE/Noemi Bruzak HUNGARY OUT

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н. И. (59) од с. Лакавица, вработен како поштар во Гостивар, поради три кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето, фалсификување исправа и проневера во службата, информира МВР.

-Во декември 2019 поштарот сам потпишал налози за исплата на пензии за декември 2019 година, со што извршил фалсификување потпис на платните инструменти – налог за исплата на готовина ПП40 на три лица и притоа постапил спротивно на точка 66 од упатството за вршење платен промет во земјата- вели МВР.

Со ваквото дејство пријавениот присвоил пари, кои му биле доверени во службата, и стекнал противправна имотна корист во износ од 31.841 денар на штета на С. С., Ф. Ќ., двајцата од с. Беловиште, Гостиварско, и на И. Р. од с. Лакавица, Гостиварско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот