Поштар лажел дека бил ограбен

Полицијата ја расветли кражбата на пари за исплата на пензиите на пробиштипските пензионери, што се случи на 1 октомври. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека уапсени се19-годишниот А.Д. и 22-годишниот Д.А.

А.Д е поштарот кој што тој ден имал задача да ги достави пензиите на пензионерите, а во неговата торба носел 360.821 денари.

– На први  октомври во полициската станица во Пробиштип, А.Д., вработен во АД „Пошта на Северна Македонија” лажно пријавил дека во близина на „Аква парк” во Пробиштип, непознат сторител го нападнал и му одзел 360.821 денари, наменети за исплата на пензии. По преземени мерки и судска наредба, на 3 октомври полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес на три локации во Пробиштип, при што биле пронајдени парите, како и наркотична дрога – амфетамин – вели Панајотова.

Во врска со лажната кражба, на службен разговор бил повикан и Б.З.(26) од Пробиштип.

Панајотова додава дека по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот