Посен колач со јаболка и ореви

Во време на велигденските пости, кога имате желба за нешто благо, овој колач е како создаден за вас.

Потребни состојки:

210 мл топла вода

110 гр кафеав шеќер

180 гр интегрално брашно

Четири изрендани јаболка

200 гр сецкани ореви

100 гр суво грозје

2 полни лажици овесни снегулки

Една кесичка прашок за пециво

Една лажичка сода бикарбона

Рендана кора од еден портокал

За сируп:

200 гр кафеав шеќер

200 мл вода

Една кесичка ванилин шеќер

Зачини (кардамом, кандирани овошја, цимет, ѓумбир…)

Подготовка:

Во сад за мешање ставете ја топлата вода и додадете го шеќерот, па мешајте додека да се стопи. Потоа додадете ги состојките по следниот редослед: рендани јаболка, брашно, овесни снегулки, прашок за пециво, сода бикарбона, суво грозје, сецкани ореви и кората од портокал. Измешајте и оставете ја смесата да отстои 15 минути.

Во калап за печење (28х20см) најпрво ставете хартија за печење, па посипете сецкани ореви. Сипете го тестото врз нив. Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 15 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете уште 20 минути.

Испечениот колач треба да се излади во тепсијата. Потоа извадете го од тепсијата и вратете го со оревите нагоре. Исечете го на парчиња.

Настрана измешајте ги водата, шеќерот, ванилата и зачините. Направете шербет. Изладениот колач прелијте го со топлиот шербет. Послужете го изладен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот