Посен и вкусен: Реден грав на старински начин

Фото: Freepic

Кога ќе дојде петок, повеќе од јасно е што ќе се најде на нашите трпези. Незаменливата мешунка – гравот. Подготвен во многу варијанти, тој претставува еден од најпрепознатливите специјалитети на нашата кујна.

Од нутритивен аспект гравот може да се вброи во т.н. супер-храни. Тој освен што е богат со макронутриентите како протеини и јаглехидрати, богат е и со растителни влакна, а содржи и низа на микронутриенти, вклучително: магнезиум, железо, фолна киселина, витамин В6

Состојки:

– 500г грав
– 3дл масло
– 1кг кромид
– 2 чешниња лук
– 1 лист лорбер
– зачин
– мелена лута пиперка и сол

Подготовка:

Ставете бел грав во тенџере, истурете ладна вода и варете додека не почне да врие. Потоа исцедете го, истурете топла вода и варете додека не омекне. Потоа повторно исцедете од водата. Излупете кромид и ставете го во ладна вода да отстои десет минути.

Потоа исечете го на тенки прстени. Загрејте еден дел од маслото во тава и пржете го кромидот додека не добие златна боја. Додадете малку лут пипер во прав, и сол. Подмачкајте ја тавата, а потоа поставете ред грав рамномерно на дното, а врз него ставете од пржениот кромид.
Повторувајте ја оваа постапка додека не се потрошат гравот и кромидот. Последниот ред мора да биде грав. Ставете еден ловоров лист, две чешниња лук и, ако сакате, една лута сушена пиперка одозгора. Потоа, прелијте го садот со врело масло одозгора. Печете во загреана рерна околу половина час.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот