Посебно признание за афирмација на спортот за Евгениј Поп Ацев

фото: Национална пливачка федерација

Евгениј Поп Ацев трета година по ред триумфира во светската серија на ултраматони. Македонскиот пливач на последниот маратон кој се одржа минатиот викенд во Капри, Италија го освои второто место но и тоа беше доволно да биде најдобар во генерален пласман и тоа трета година по ред. Националната пливачка федерација му приреди свечен дочек на Поп Ацев и притоа му додели и награда, посебно признание за афирмација на пливањето и достојно претставување на нашата земја.

– Би сакал да се заблагодарам на сите присутни и на НПФ за овој убав пречек. За мене ова е трета титула, но прво вакво признание, и посебно сум среќен и горд поради тоа. Се надевам дека и понатаму ќе ја претставувам Македонија не само во исто, сакам да биде дури и во подобро светло.
Голема благодарност до мојата фамилија, до клубот, до државата за поддршката која ја имав во овој период и изминатите години. Се надевам дека ќе продолжам со одлични резултати и дека и во иднина ќе ве радувам со добри резултати – се заблагодари Евгениј Поп Ацев.

Во Националната Пливачка Федерација се горди на надобриот македонски пливач маратонец.
– Успесите на Евгениј Поп Ацев се за огромна пофалба, и треба да бидат одбележани. Во 2015 прво место, 2017 прво место, 2019 прво место, сите во светскиот куп во ултра гран при серијата под календарот на Светската пливачка организација. За овие успеси, и за другите негови достигнувања Националната пливачка федерација на Евгениј Поп Ацев му доделува посебно признание за афирмација на спортот за достојно претставување на Република Македонија. Неговите успеси се и наша гордост”, изјави претседателот на НПФ, Александар Филипчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот