Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје за манифестацијата „Вело Фиеста”

Сообраќај во Скопје. / Фото: МИА

Поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ денеска од 9 до 14 часот ќе има посебен сообраќаен режим на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје.

– Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Извор: МИА

Видео на денот