Посебен сообраќаен режим во следните три дена во Скопје

Сообраќајци / Фото: Архива

Денеска после 20.00 часот, како и на 10.08 и 11.08 (сабота и недела) на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ ќе се изведуваат градежни работи.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен сообраќаен режим при што сообраќајот по улицата „Димитрие Чуповски“ во насока на движење од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува лево и десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, а сообраќајот по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува право по улицата „Свети Кирил и Методиј“ и лево по улицата „Костурски херои“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот