Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трката „Прв до врв“

Фото: МИА

Поради одржување на спортско-рекреативната трка „Прв до врв“ денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

Трката започнува во 9.45 часот пред Музејот на Град Скопје. Трасата за велосипедистите оди по улицата „Св. Кирил и Методиј“, лево по булеварот „Св. Климент Охридски“, во продолжение по булеварот „Мајка Тереза“, лево по улицата „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно – „Милениумски крст“, додека трасата на движење на планинарите почнува од пред О.У. „Кочо Рацин“, на булеварот „Мајка Тереза“, право по улицата „Тодор Александров“ и кај улицата „Салвадор Аљенде“ десно, по планински патеки кон Средно Водно, и потоа кон врв на Водно.

Во временскиот период додека се одржува трката, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот