Посебен сообраќаен режим пред Задушница во Скопје

Фото: МИА

Дополнителен број автобуси ќе сообраќаат на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел).

ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница денеска и утре воведува дополнителен број автобуси на линијата 59, 59А и 59 Б.

Дополнителен број автобуси ќе сообраќаат на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел).

Поради верскиот празник Задушница денеска и викендов, во периодот од 6:00 до 16:00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во овие реони.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски”, во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на улицата „Боца Иванова” и излегување од улицата „Боца Иванова” кон улицата „Александар Урдаревски”.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска”, а на гробиштата „Камник” – по улицата „Јужноморавски бригади” и улицата „Роман Каскалиевиќ”.

Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и наредбите на униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот