Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје: Урсула фон дер Лајен во официјална посета на Македонија

Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/YVES HERMAN

На 28.09.2021 (вторник) и 29.09.2021(среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе биде делегација предводена од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

– Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот