Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трката „Прв до врв”

Затворена улица стоп знак/ фото: МИА

Поради одвивање на спортско-рекреативната трка „Прв до врв” денеска Министерството за внатрешни работи ќе воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајниците каде ќе се одвива трката. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Како што информираат од МВР,  почеток на манифестацијата е во 9:45 часот,  а трасата на движење на велосипедската трка е од пред Музеј на град Скопје на улицата „Св. Кирил и Методиј”, лево по бул.„Св. Климент Охридски”, во продолжение по бул.„Мајка Тереза”, лево по ул.„Тодор Александров”, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врвот на Водно („Милениумски крст”).

Трасата на движење на планинарите, пак, е со почеток од пред ОУ„Кочо Рацин” на бул.„Мајка Тереза”, право по ул.„Тодор Александров” и кај ул.„Салвадор Аљенде” десно, по ридско пешачките патеки кон Средно Водно, а од Средно Водно кон врвот на Водно („Милениумски крст”).

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот