Посебен режим на работа во гинеколошкиот оддел од Кумановската болница поради заразен персонал

Посебен режим на работа се воведува од денеска на Гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово, објавија од болницата.

– Поради вонредната состојба со Ковид -19 и појава на позитивни тестови кај неколку вработени од Гинеколошко-акушерскиот оддел, а со цел најпрофесионален однос кон потенцијалните пациентки, ве известуваме дека Гинеколошко-акушерски оддел од 10 април 2020 година ќе биде под посебен режим на работа. Сите пациентки, чија здравствена состојба дозволува понатамошен третман на УГАК Скопје или Специјална болница Мајка Тереза” во Чаир, со претходна најава од свој матичен гинеколог ќе бидат упатени во една од овие институции, информираат од болницата.
Оттаму додаваат дека сите итни и неодложни животно-загрозувачки случаи од гинеколошко акушерска природа ќе бидат најпрофесионално третирани на Гинеколошко акушерското оделение.
Од Општата болница Куманово известуваат дека за секоја понатамошна промена во режимот на работата на Гинеколошко-акушерскиот одел, граѓаните навремено ќе бидат информирани. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот