Посадиле 2 милиони стебла и го оживеале екосистемот

institutoterra

Бразилскиот фотограф Себастиао Салгадо и неговата сопруга Лелиа Делуиз Ваник не можеле да се помират дека еден дел од Атлантската шума е оголен со непланското сечење.

Тие одлучиле да покажат што може да направи мала група луѓе, а денес, 20 години подоцна, имаат со што да се пофалат.

Овој бразилски пар посадил 2 милиони стебла!

Салгадо се вратил во родниот Бразил во 90-тите години по исклучлително напорниот престој во Африка и фотографирањето на ужасите на геноцидот во Руанда.

institutoterra

Меѓутоа, тоа што го затекнал многу го повредило. Големите подрачја на Атлантската шума биле оголени и пусти. Голем дел од некогаш виталната прашума биле уништени.

institutoterra

Салгадо одлучил заедно со својата сопруга да спаси барем дел од грандиозната прашума.
„Земјата беше болна. Сè беше уништено. Само околу 0,5 проценти беше под шума. Тогаш мојата жена предложи повторно да насадиме шума. По многу години нашиот напор вроди со плод, животните почнаа да се враќаат. Како што шумата повторно се раѓаше, и ние се препородивме заедно со неа“, рекол Салгадо за „Гардијан“.

institutoterra

„Само дрвјата можат да го претворат јаглеродниот диоксид во кислород. Мораме повторно да посадиме шуми. Со нив ќе се вратат и животните“, размислувал Салгадо.

Тој знаел дека при пошумувањето мора да се внимава на секое подрачје да се садат домашни сорти. По многу внимателно бирање и садење на автохтони видови, целото подрачје оживеало неверојатно брзо во наредните две децении.

institutoterra

Некогашната смртна тишина денес е заменета со песната на птиците, звуците на инсектите и другите животни. Вкупно 172 видови птици, 33 видови цицачи, 15 видови влекачи, 15 видови водоземци и 293 видови билки го сочинуваат богатиот екосистем на обновената шума.

institutoterra

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот