Португалските социјалисти победија на локалните избори, иако загубија во Лисабон

Локални избори Португалија/ Фото EPA-EFE/RODRIGO ANTUNES

Португалските владејачки социјалисти претрпеа изненадувачки пораз на локалните избори, губејќи ја контролата во Лисабон по 14 години, иако тие остануваат најголемата партија во земјата по изборите во кои беа вклучени повеќе од 300 градски совети, пишува Ројтерс.

Карлос Моедас, поранешен европски комесар за развој, наука и иновации од главната опозициска Социјалдемократска партија (ПСД), победи во Лисабон со разлика од само еден процентен поен, обезбедувајќи 34,25 проценти за неговата десноцентристичка партиска алијанса со конзервативната ЦДС-ПП.

„Денес е нов почеток. Верувам дека почнува со Лисабон, но нема и да заврши таму”, рече Моедас рано утрово во победничкиот говор. Португалскиот премиер Антонио Коста, поранешен градоначалник на Лисабон, изрази разочарување од загубата на неговата партија во градот.

Премиерот Коста: Фрустриран сум

“Жално е, но вака функционира демократијата. Како што секој знае, поразот беше неочекуван. Се чувствувам фрустрирано, очигледно”, рече тој.Но, севкупно, со преброени 99 проценти од гласачките ливчиња, социјалистите освоија 34,4 проценти од гласовите и 147 општини низ Португалија, многу понапред од ПСД, која освои 24 проценти сами или во сојуз со ЦДС-ПП.

Резултатот е малку послаб од оној што го постигнаа социјалистите на последните парламентарни избори во 2019 година и на претходните општински избори во 2017 година. Комунистичката партија го зазеде третото место со 8,2 проценти, а Левиот блок само 2,8 проценти.

Екстремно десничарската партија Чега, чиј пораст по парламентарните избори во 2019 година го потресе политичкиот пејзаж, освои само 4,2 проценти од гласовите и нула општини, далеку од целта да стане трета најголема политичка сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот