Португалскиот суперталент: Успехот ми помага кај девојките

EPA-EFE/OCTAVIO PASSOS

Младиот 19-годишен Португалец, Жоао Феликс сезонава игра фантастично, тој е еден од најдобрите фудбалери на Бенфика и веќе го сврте вниманието на најголемите европски клубови.
Освен кај клубовите, со одличните игри, популарноста на младиот Жоао Феликс станува сè поголема од ден во ден, и веќе стана мета на атрактивни девојки кои преку социјалните мрежи му праќаат непристојни предлози.

– Успехот ми помогна многу со девојките. Преку социјалните мрежи постојано ми праќаат слики, на некои се дури и целосно голи. Изгледа знаат дека немам девојка но сè уште сум млад и имам време за сè – вели Феликс.

Жоао Феликс првите фудбалски чекори ги направи во редовите на најлутиот ривал на Бенфика, Порто, но таму направија кардинална грешка. Иако помина седум години во фудбалската академија, тренерите на Порто одлучија дека Жоао е физички слаб и никогаш нема да игра во голем клуб.

Таа грешка скапо го чинеше Порто, прво, Феликс замина на специјален третман во Бенфика каде што две години работеше на подобрување на физичките предиспозиции. За неколку години Жоао Феликс толку напредуваше што стана најмлад играч кој дебитирал во вториот тим на Бенфика, а оваа сезона стана и најмлад фудбалер во историјата на клубот кој дал гол во лисабонското дерби помеѓу Бенфика и Спортинг.

Лицитацијата за неговите услуги веќе започна. Бенфика својот суперталент го процени на 120 милиони евра, а листата на заинтересирани екипи од ден на ден се зголемува.
Првиот конкретен чекор го направи Јувентус, чија понуда од 75 милиони евра е одбиена, но во преговорите се вклучи суперагентот Жорге Мендеш, кој се очекува да помогне Жоао Феликс да заигра во ист тим со својот идол, Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот