Португалија во паника: Празни само 7 кревети за пациенти со ковид
Португалското Министерство за здравство предупреди дека на одделенијата за интензивна нега во континеталниот дел од земјата останале слободни само уште седум кревети за ковид пациентите, пренесува Ројтерс.
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека од 850 кревети на одделенијата за интензивна нега наменети за ковид пациентите моментално се зафатени 843.
Поради порастот на бројот на новозаразени, надлежните биле принудени некои пациенти во критична состојба да ги испратат на островите.
Земјата со 10 милиони жители има на располагање дополнителни 420 кревети на одделенијата за интензивна нега наменети за пациенти со други болести.
Во Португалија досега се заразени 711.018 лица, а починаа 12.179.
Земјата има најголем седмодневен пресек на бројот на новозаразени и починати по глава на жител.