Португалија: Специјална апликација ќе покажува колку луѓе има на секоја плажа

Португалија ќе ги отвори своите плажи на 6 јуни, изјави денеска премиерот Антонио Коста, повикувајќи ги граѓаните да ја преземат апликацијата што ќе им овозможи да проверат дали има слободни места на плажата на која сакаат да одат.


Според новите правила за плажите, групите ќе треба да се одвоени 1,5 метар едни од други, лежалките ќе се изнајмуваат само на половина ден, а групните спортови нема да бидат дозволени.

Но, полицијата нема да ги следи плажите, рече Коста, повикувајќи ги луѓето да се придржуваат кон правилата.

– Плажите треба да бидат места за одмор – рече Коста.

Португалската агенција за животна средина разви апликација што ќе собира податоци во реално време за тоа колку луѓе се на плажа, така што во секое време ќе може да се проверува колку луѓе има на неа.

Владата со мобилните оператори сега работи на тоа да се овозможи собирање податоци не само за тоа колку луѓе се на плажа, туку и како се распоредени, рече Коста.

Португалија од понеделник ќе ја почне втората фаза на ослободување на ограничувањата, што значи дека ќе се отворат рестораните, музеите, кафулињата и училиштата за одредени возрасти

Порто /23 април 2020 / Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Властите на 4 мај дозволија отворање на помалите продавници и ги олабавија ограничувањата во однос на патувањата.

Економските показатели предупредуваат дека во првиот квартал од годината економскиот раст во Португалија е помал за 3,9 проценти во однос на минатата година.

Невработеноста значително се зголеми. Падот на БДП најмногу ќе се должи на ситуацијата во туризмот, каде што бројот на ноќевања опадна за 60 проценти во март во однос на истиот период лани, исткна премиерот Антонио Коста за моментална состојба со коронакризата во Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот